Интерпелација за министерот Димитров во Собранието

335

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 81-та седница на чиј дневен ред се повеќе законски решенија во прво и второ читање, како и интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратенцитете од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците во рамките на седницата треба да расправаат и за Граѓанската иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија.

На дневниот ред на седницата се и предлог одлуките за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, за изменување и дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави, за избор на член на Државниот Совет за превенција на детско престапништво, и за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...