Исламска држава презеде одговорност за двојниот бомбашки напад за време на вчерашната верска служа во католичка црква во јужниот дел на Филипини, во кој се убиени најмалку 20 лица, објави новинската агенција на терористичката група, Амак.
Во нападот се повредени 81 лице.
Првиот напад се случил во близина на катедралата Јоло за време на неделната миса, а вториот на влезот на катедралата, кога безбедносните служби приоѓале кон тоа подрачје.
Владата на Филипини соопшти дека ќе ги гони напаѓачите „се додека секој убиец не биде приведен и сместен зад решетки“.
ФОТО: EPA / LAURENZ CASTILLO