Првата дама на Франција Брижит Макрон е позната како љубителка на мини-фустани, но по честите критики за овој избор, таа реши да прејде на подолги фустани.
Иако е во седмата деценија од својот живот, Брижит Макрон секогаш сака да се пофали со својот изглед, за којшто таа вели дека го одржува со фитнес вежби и здрав живот. Французите пак, покренаа петиција – да ѝ се забрани носењето куси фустани.
Така, на вечера во Елисејската палата организирана во чест на војводата и војвотката од Луксембург, русокосата Макрон се појави во поинакво издание – со долга бела тоалета од свила, суптилно деколте и среберни светки.
– Секогаш вложував многу труд во својот изглед. Прашајте ги моите деца или пак, учениците. Никогаш не излегувам од дома без внимателно одбрани модни комбинаци и фризура – изјави таа во една прилика.
Кога таа го запознала сегашниот француски претседател Емануел Макрон, тој имал 15 години, и бил нејзин ученик, а таа била мажена, со три деца. Брижит Макрон сепак инсистира дека почнала врска со 24 години помладиот ученик дури откако тој станал полнолетен.
Фото: EPA/BENOIT TESSIER / POOL