Од 1 јули за секоја фискална сметка, ќе има 15 проценти повраток на ДДВ за секој граѓанин, најави премиерот Зоран Заев на трибината во Велес со наслов „Силна економија – шанса со сите”
– Од 1 јули го стартуваме концептот повраток на ДДВ, односно од секоја издадена фискална сметка секој граѓанин ќе има 15% повраток на средствата. Проекцијата е дека најмалку 150 милиони евра годишно ќе се вратат назад кај граѓаните. Ова е само почеток на економските мерки, не застануваме тука. Ги враќаме парите назад кај граѓаните” – изјави премиерот Заев на трибината во Велес со наслов „Силна економија – шанса со сите“.