Црна Гора: Казна од 2.000 евра ако се користи знамето како завеса

608

Во Собранието на Црна Гора пристигна владин предлог-закон за измена и дополнување на Законот за државни симболи и Денот на државноста на Црна Гора, со што меѓу останатото се предивдува казна и до 2.000 евра за оние кои знамето на Црна Гора ќе го употребуваат како престирка или завеса.

Предлог-законот предвидува, со парична казна од 1.000 до 20.000 евра да бидат казнети правни лицa ако грбот и знамето на државата ги користат на начин со кој се нарушува јавниот морал, угледот и достоинството на Црна Гора, како и доколку на грбот и знамето се извршат интервенции со кoи се бришат, додаваат или менуваат некои детали.

Имено, исто така, забрането е грбот и знамето да се користaт како трговски или услужен жиг, мостра или модел, или како било кој друг знак за обележување на стоки и услуги.

Се наведува дека, знамето не смее да биде поставено така што ќе го допира подот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...