Раководството на ВМРО-ДПМНЕ свика итна седница на Извршниот комитет, а потоа и на Централниот комитет на тема претседателски избори и барањето на партијата за предвремени парламентарни избори.
Седниците на највисоките партиски тела доаѓаат откако СДСМ ја одложи одлуката за предвремени парламентарни избори.
Седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ се очекува попладне.
„По фијаското и целосната капитулација со името и промената на идентитетот, владата, како што гледаме, се впушти во нова трка на лазење на јавноста со измислени бројки, сакајки да ја покрие целосната капитулација во економијата“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.