Идентификуван e загинатиот работник во експлозијата во Гевгелија

340

Гевгеличанецот Љ.А.(40) загина, а уште шестмина биле повредени во експлозијата на гасна боца, вчера во Гевгелија, информира МВР.

На 26.01.2019 година околу 15.50 часот на улицата Маршал Тито, во продавница за производи од железо настанал пожар при што вработениот Љ.А. починал, а повредени биле неговите колеги А.Ј.(46), П.Д.(39), В.Б.(42), И.З.(42) сите од Гевгелија, како и М.Ј.(29) од село Прдејци.

По укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија лицата се пуштени на домашно лекување. Повреден бил и В.Ј.(30) од Гевгелија кој, по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје, велт од МВР.

Причина за пожарот, според првичните сознанија е експлозија на гасна боца која В.Ј. ја донел за да се монтира горилник. Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...