Вучиќ им честита на Заев и Ципрас: Србија прва ќе ја признае соседот под новото име

Сакаме најдобри можни односи и со двете земји и уште еднаш им честитам на господинот Заев и Ципрас - истакна Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање.

1006
ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Нови Сад на отварањето на манифстацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“, им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на ратификација на Преспанскиот договор.

– Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на Атина. Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име. Сакаме најдобри можни односи и со двете земји и уште еднаш им честитам на господинот Заев и Ципрас – истакна Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето за тоа колку овој договор ќе придонесе за добриот развој на односите меѓу Србија и Косово, рече дека „постојано за ова слуша приказни“, но нагласи дека „тука се работи само за името“.

– Нашите проблеми во односите со Приштина се стопати потешки.Тоа мора да го разберат луѓето, но и овие од Европа и Светот, кои кажуваат, „аха решивме еден проблем, сега ќе го решиме вториот проблем“. Да, ние сакаме да го решиме, само немојте да ги поистоветувате, бидејќи тоа се драматично различни проблеми и според тежината и според последиците и по се останато – рече Вучиќ.

Според него, политиката на Србија, а пред се заради младите, е политика на регионалната стабилност и поликата на отворени граници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...