Тројца радовишани се повредени откако со „мерцедес“ удриле во билборд кај бензиска пумпа.
Полицијата соопшти дека Н.А. (32) од Радовиш, управувајќи возило „мердецес“ со швајцарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот на булеварот Александар Македонски во Радовиш, по што удрил во билборд на бензинска пумпа.
При тоа се повредени Н.А. и сопатниците И.И.(32) од Радовиш и Т.Б.(22) од село Ораовица, кои биле пренесени во Клиничка болница Штип.