Возач на „мерцедес” вчера во 17 часот удрил во пешакот И.С.(19) од Скопје на улица Босна и Херцеговина и избегал со возилото.
Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Градска општа болница „8 Септември”.
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.