Заев: Законот за пазарите ќе се одложи и сите субјекти ќе кажат што мислат

И вицепремиерот Анѓушев се согласи дека сегашното решение за пазарџиите не е добро.

477

На трибината „Силна економија- шанса за сите“ се јавија и пазарџиите. Побараа од вицепремиерот Кочо Аншушев итно да ургира во Министерството за економија зашто проблемот, како што оценија, мора да се реши веднаш.

-Законот е неповолен за сите, а вкупно 25.000 семејства егзистираат само од зелените пазари. Од друга страна, Министерството како да нема волја да го реши проблемот. Затоа апелираме вицепремиерот Анѓушев да ургира за веднаш да почне решавањето на овој проблем – истакна Љупче Лазевски, потпретседател на Групацијата за пазари во Стопанската комора и раководител на пазарите во Велес.

Анѓушев се согласи дека сегашното решение за пазарџиите не е добро и дека, како што рече, им прави проблем на сите страни, но за тоа остави детално да одговори премиерот Заев.

– Постигнат е договор, законот за пазарите ќе се одложи и сите субјекти ќе кажат што мислат. Треба да ги слушнеме пазарџиите. Не може една комора да дава лиценци. Нека има конкурентност, а не монопол. Има уште две комори покрај постојната, ќе добијат и тие лиценци. Може некој без пари ќе ги дава лиценците, може некој со 20 отсто, зависи колку се трошиците. Сакаме да им помогнеме на пазарџиите, секој да вади леб, да има соодветни, минални цени за лиценците, добро да биде регулиран – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...