Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на следниве патни правци: крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга и Тетово – Попова Шапка каде има забрана и за автобуси, соопшти АМСМ.
Од АМСМ соопштија дека на дел од делниците симната е забраната за движење на тешки товарни возила: Гостивар – Кичево преку Стража.Кичево-Охрид преку Пресека, Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос. На овие патни правци задолжителна е зимска опрема.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Битола, Прилеп, Охрид и Неготино.
На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината на движење е ограничена на 40 km/h.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.