Хант: Имплементацијата на Договорот ја зголемува перспективата за стабилност во регионот

Двете земји покажале голема храброст и волја да работат заедно кон вистински промениистакна британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант. .

98

Велика Британија му честита на грчкиот Парламент за успешната ратификација на Договорот од Преспа. Ова е историски момент со кој се затвора деценискиот спор. Денешното гласање овозможува да се заврши имплементацијата на Договорот, кој ја има целосната поддршка од Велика Британија – истакна британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант.

Според него, и двете земји покажале голема храброст и волја да работат заедно кон вистински промени.

– Договорот ја зголемува перспективата за стабилност и просперитет низ целиот регион. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно со двете сојузнички земји во интерест на европската безбедност – додаде Хант.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...