Гутереш: Ратификацијата на Преспанскиот договор ќе ги поттикне напорите за помирување во Европа и во светот

Грчкиот Парламент вчера го ратификуваше Договорот од Преспа со 153 гласови за, еден воздржан и 146 против.

103
Photo: EPA / JUSTIN LANE

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја пофали Грција за ратификацијата на Договорот за ставање крај на 27-годишниот спор со Македонија, оценувајќи притоа дека тој чекор ќе помогне во промоцијата на напорите за постигнување на помирување и надвор од Европа.

Портпаролот на заменикот на Генералниот секретар на ОН Фарах Хак, истакнал дека Гутереш се радува на завршувањето на процесот предвиден со Договорот, кој, како што вели, е испреговаран под покровителство на ОН.

Тој наведува и дека Генералниот секретар ги пофалил и раководствата на двете земји поради овој договор, кој, како што потенцирал, ќе го зајакне мирот и стабилноста во регионот и ќе ги поттикне напорите за помирување во Европа и во светот.

Грчкиот Парламент вчера го ратификуваше Договорот од Преспа со 153 гласови за, еден воздржан и 146 против.

Фото:EPA-JUSTIN-LANE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...