НБА го суспендираше Јокиќ

1241

НБА лигата го суспендираше српскиот кошаркар Никола Јокиќ поради влегувањето од клупата на теренот за време на натпреварот помеѓу Денвер и Јута.

Како што се наведува во соопштението на Лигата, за време на конфронтацијата меѓу Фејворс и Пламли, Јокиќ влегол во областа зад кошот, иако во тој момент не бил во играта и затоа бил казнет.

Јокиќ е суспендиран за еден меч и нема да добие плата за нго, т.е. колку пари му следуваат според договорот за тој ден. Тој ќе го пропушти мечот на „нагетси“ против Финикс Санс.

Покрај Србинот, неговиот тимски колега Мејсон Пламли беше казнет со 25.000 долари, додека центарот на Јута – Дерик Фејверс, со 15.000 долари.

Во видеото подолу, може да се види инцидентот, во кој се судрија Плами и Фејворс, а Јокиќ се гледа во позадина, кој поради овој потег е суспендиран.

Derrick Favors and Mason Plumlee were ejected after sparking an altercation on the court following a foul on the floor.

Nikola Jokic came off the bench and down the baseline, but didn’t get involved. pic.twitter.com/2QnsvjcEpA

— ESPN (@espn)

January 24, 2019″>
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...