Под влијание на моќен пратеник во 2011 година преку измама се распродавал државен и општински имот кај Македонски Брод. Вака СЈО кое најави една од трите нови истраги кои ги презентираше денес.
Предметот се води под кодно име „Моќник“, првоосомничен е пратеник, неговиот татко е втор, а третоосомничен е поранешниот градоначалник на Македонски Брод. Целта на пратеникот рече обвинителката Фатиме Фетаи била да се одмазди на луѓе кои му се мешале во работата.
– Неговиот татко и градоначалникот со лажно прикажување ги навеле советниците да изгласаат отуѓување на задружниот дом. Таткото испратил писмено барање до советот на општината да донесе одлука за продажба на задружниот дом и лажно навел дека веќе го користи и сака да отвори сопствен бизнис во него. Следниот ден на седница и градоначалникот лажно презентирал дека објект претходниот совет му го дал на користење 30 години – рече Фетаи.
Меѓутоа тоа не бил објект кој го користи туку всушноат станувало збор за зграда во која е сместена канцеларијата на градоначалникот на Општина Пласница, како со две месни канцеларии. Советниците, според исказите, донеле одлука за продажба не знаејќи дека одобруваат продажба на општинската зграда на Пласница.
Градоначалникот наместо преку оглас спровел аукција за која знаел само таткото на пратеникот кој и ја купил зградата за околу 1.800.000 денари или само 670 денари повеќе од почетната цена на аукцијата. Префрлил пари на општината и во катастар си го запишал како негово преку техничка исправка. Со анекс на договорот за зградата го купил и земјиштето по цена од 100 денари за квадратен метар што е 300 денари помалку од пазарната.
Кога градоначалникот на Пласница дознал за ова телефонски контактирал до првоосомничениот, но и со Владата која формирала комисоја и го задолжила преку тужба да бара враќање на сопственоста.
Пратеникот знаејќи дека градоначалникот на Пласница има близок судија во Кичево, како претседател на собраниската комисија за надворешна политика побарал листрација на судијата. Лустрациска, според СЈО, донела нарачана одлука и го лустрирала, а судијата најпрво бил времено оддалечен од функцијата, а потоа Судскиот совет и трајно му ја одзел функцијата. Вкупниот број на осомничени во оваа истрага е 13 лица меѓу кои и членови на Комисијата за лустрација.
Вкупната предизвикана штета е 50.000 евра.