Преспанскиот договор нема само билатерална вредност, тој е полн со возвишеноста на една нова политичка димензија која ги допира врвовите на цивилизираниот свет, на нормалноста во политичките односи помеѓу две соседни држави, на разумните и пред сѐ храбри политичари, кои преку невозможните препреки изѕидаа компромисен мост, преку кој, не го означуваат само преминот кон една нова политика на Балканот, туку, неговата вредност е илјадапати поголема затоа што го постави темелот врз кој ќе почне да се ѕида КРАЈОТ на една вековна идиотштина која генерации навлекуваше на крвопролевање, на братоубиствени војни, на меѓусебни чистки, необјаснети и несватливи атентати, делби, разделби, црни марами на глава, бели пешкири на врата, одмазди, омраза, зла, многу зла, во името на Големите еднонационални држави. Ратификацијата на Преспанскиот договор во Северна Македонија и Грција, е голем удар врз балканскиот национализам…
Честитки за Заев и Ципрас, честитки за сите слободомислечки граѓан(к)и на Балканот, а посебно на Република Северна Македонија и Република Грција… Тенкју…