Поради неможноста да стигне навреме во Скопје, доцни и почетокот на седницата на Извршниот одбор на СДСМ која беше закажана во 18 часот. Но состанокот почнал без премиерот Заев, кој ќе се придружи во текот на седницата.
Паралелно ќе се пролонгира и седницата на Централниот одбор, која првично беше закажана за 19 часот.
Вечерва, владејачката партија треба да реши дали ќе има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, како и да ги започне процедурите за избор на претседателски кандидат.
Висок функционер од партијата најави дека уште вечерва може да се очекува од СДСМ да ја соопштат одлуката дали ќе има парламентарни избори или не. За името на претседателскиот кандидат, кој е извесно дека ќе биде консензуален, одлуката ќе падне во наредните денови бидејќи треба да се испочитуваат и партиските процедури, како и да се разговара со коалиционите партнери во Владата.