Притвор за скопјанка, дрогата при претрес сакала да ја фрли низ прозорец

416
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената во текот на месецов неовластено заради продажба од непознато лице набавила наркотична дрога хероин и психотропни супстанции и ги држела во својот дом со цел да ги продава на уживатели на овој вид на наркотична дрога и психотропни супстанции.

При претрес на станот во кој привремено престојувала од страна на овластени полициски службеници биле пронајдени и одземени: една жолта пластична кутија со шест полиетиленски паковки со вкупна нето маса од 31,62g наркотична дрога хероин, една половина од таблета психотропна супстанција 3,4-метилен-диоксиметамфетамин и една полиетиленска паковка со нето маса од 0,67g психотропна супстанција – псилоцин, стимуланс на централниот нервен систем.

Дрогата била спакувана во помали ќесички со различна нето маса, кои осомничената при претресот се обидела да ги фрли од прозорот, заедно со неколку електронски картички и пластични цевчиња со остатоци од прашкаста материја. Полициските службеници распоредени околу зградата го забележале тоа, ги пронашле фрлените предмети и ги подигнале.

Oколностите под кои е извршено кривичното дело, односно подготовката со неовластената набавка заради неовластена продажба на наркотичната дрога, а особено фактот што станува збор за сериозен вид на криминално однесување беа повод за надлежниот јавен обвинител да побара мерка за обезбедување на присуство на осомничената во текот на кривичната постапка во сите нејзини фази.

Имено, со оглед на тоа што постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои укажуваат дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, како и околности кои го оправдуваат стравот дека осомничената ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...