Продолжен куќниот притвор на Мијалков, Камчев и другите од „Империја“

325
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го продолжи куќниот притвор за обвинетите во предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Како што соопштија од судот за МИА, постапувајки по предлог на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за продолжување на мерката куќен притвор во случајот за јавноста познат како „Империја“, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати предлогот и на лицата С.М. Ј.К. Н.Ј. Ч.П. Т.М. и З.А. им ја продолжи мерката куќен притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...