Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние рече работилницата е конкретен пример на фарнцуската поддршка за евроинтегративниот процес на земјата, остварување дадено од францускиот претседател Макрон.
– Можеби сме партнер кој многу бара, но Франција од секогаш била на страната на Македонија и расположена да и помогне. Токму тоа го правиме денес со организирањето на овај семинар, рече Тимоние.
На новинарско прашање пратеникот во Францускиот парламент и потпретседател на Комисијата за надворешни работи Жак Мер, кој заедно со неговата колешка Лилијана Танги беше дел од работилница насловена „Административна и министерска координативна работна група и европски преговори: рецепти за успех“, во Скопје во организација на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, агенцијата „Expertise France“ и Секретаријатот за европски прашања.
– Ние посакуваме Македонците да направат голем напор и да бидат што поподготвени за да ги отпочнат преговорите колку што е можно побрзо. Сега сме во екот на кампањата за европските избори, кампањи кои се мошне сурови и националистички, со голем број на лаги, лажни вести и воопшто не сакаме Македонија да се најде на каков било начин заложник на таа кампања. Инаку, сите македонски соговорници ни го кажаа речиси истото, да поддржиме добивање датум во текот на идниот совет на ЕУ во месец јуни и ние само ќе ја пренесеме таа порака до нашиот претседател, рече Мер.
Мер и Танги истакнаа дека нивната посета е со цел да ја искажат политичката поддршка за Македонија и и поддршката на француското кон македонското Собрание изразувајќи доверба дека Македонија ќе напредува во спроведувањето на реформите, но очекуваме и имаме доверба дека и Македонија и земјите од Балканот нема повеќе да испорачуваат несогласувања, туку дека конечно ќе можат да го завземат вистинскиот пат, односно да се мобилизираат за вистинските прашања.
– Денеска се надевам дека пред нас е голем ден, и дека конечно ќе се случи гласањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент, со што ќе се стави крај на една значајна етапа, односно ќе се отвори една нова уште поважна етапа за Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Дојдени сме овде да ја дадеме не само политичката поддршка од француската влада, туку и целокупната техничка и оперативна поддршка преку размена на експерти и преку организирање на голем број обуки за македонските државни службеници, бидејќи навистина е неопходно администрацијата да биде подготвена за да може да ги започне претпристапните преговори со ЕУ. Искрено се надевам дека Франција ќе најде начин да го сподели искуството кое го поседува француската администрација со македонската, рече Танги.
Теми на семинарот беа улогата на Секретаријатот во процесот на координација, Центарот за обука и човечките ресурси, Дигитализација и транспарентност, со учество на шестмина француски и европски експерти. Три нови работилници на истите теми, од технички карактер, ќе се одржат до јуни оваа година како континуитет на поддршката што Франција ја дава на македонската администрација.