Тинејџер од Волково продавал дрога на охриѓанец, двајцата заработија кривична

96

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Н.Ј.(19) од село Волково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги“.

На први август 2018 година во Скопје првопријавениот му продал амфетамини на второпријавениот. На четврти август 2018 година во Охрид, на улица ,,7-ми Ноември”, полициски службеници извршиле претрес во стан во кој под наем престојувал второпријавениот и пронашле и одзеле амфетамини и марихуана. Исто така, било утврдено дека на наведената локација Н.Ј. им овозможил на три лица од Скопје да конзумираат марихуана.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...