Партијата на европските Зелени срдечно го поздравија усвојувањето на Преспанскиот договор во Грција и истакнаа дека со ова, Македонија е на патот да стане членка на ЕУ и НАТО.
Тие ја поздравија „храбрата политика“ на Ципрас и Заев за Преспанскиот договор како „огромен исчекор за мирот и стабилноста на Западниот Балкан“.
– Ова не е ништо помалку од историски, посочуваат европските Зелени.
Зелените потсетуваат дека овој успех е постигнат покрај „масовното руско мешање“ и „покрај огорчените националисти од двете страни на границата“.
– ЕУ мора сега да ги координира напорите за да поддржи позитивен развој. Треба да бидеме јасни: иднината на Северна Македонија се наоѓа во НАТО и ЕУ и ќе бидеме среќни да ја примиме земјата како член на евроатлантското семејство, порачаа Зелените.