Курц: Се отвори патот на Северна Македонија кон ЕУ, целосно ја поддржуваме

306
ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е уште еден во низата европски политичари кои го честитаа ратификувањето на Договорот од Преспа.

„Денешното гласање на грчкиот Парламент за ратификување на договорот за Северна Македонија е навистина историско! Договорот им користи на луѓето од двете земји и го отвора патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ, цел што Австрија целосно ја поддржува“, напиша Курц на Твитер.

ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...