„Зоран и Никола, историјата е училиште, а не затвор. Заедно, застанавме на вистинската страна на историјата“, напиша предмалку на Твитер поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас.
По гласањето за Преспанскиот договор во грчкиот парламент, Коѕијас, кој преговараше за Договорот, напиша:
„Триумфираше политиката на мирот. Сега мора итно да ги прифатиме, заедно со нашите пријатели во Северна Македонија, сите оние позитивни мерки предвидени во Преспанскиот договор, нашата заедничка иднина. Зоран и Никола, историјата е училиште, а не затвор. Заедно, застанавме на вистинската страна на историјата“, порача Коѕијас.
The policy of peace triumphed. It is now urgent to adopt, along with our friends in North Macedonia,all those positive measures foreseen in the Prespa Agreement, our common future. Zoran and Nikola,History is a school, not a prison.Together, we stood on the right side of History
— Nikos Kotzias (@NikosKotzias) January 25, 2019