Запрени градежните работи во Центар

360

Во рамки на интервентните мерки против загадувањето градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги стопираше сите градежни активности на градилиштата под општинска надлежност, соопшти Општината.

– Во текот на изминатите денови е извршена вонредна контрола на вкупно 14 отворени градилишта, 10 сервиси за поправки на возила, во однос на управување со отпадните масла, гуми и начинот на греење и 7 автоперални. Дополнително, отворено е прифатилиште за бездомници во ЈП ПОЦ, а функционален е и општинскиот сервис за стари лица – изјави градоначалникот Богдановиќ на вонредна седница на Советот на Општина Центар.

Општината спроведува мерки за заштита на животната средина во текот на целата година. Така, склучен е договор за соработка и собирање на отпад со Нула отпад од Скопје. Како резултат од оваа соработка, во последните 3 години се собрани околу 40 тони отпад, кои инаку ќе завршеа во контејнерите или во неорганизираните депонии.

Општина Центар, на предлог на градоначалникот Богдановиќ, ја стопираше реализацијата на сите досега донесени Детални урбанистички планови (ДУП), а за време на мораториумот за градба се врши ревизија на сите планови. Главните цели на оваа одлука се да се воспостави рационално уредување, да се создадат услови за хумано живеење, надминување на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина и вклучување на јавноста во постапката за донесување и спроведување на планската документација.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...