„Осумката“ од ВМРО-ДПМНЕ се сретнала со тројца амбасадори на земји-членки на ЕУ, Германија, Велика Британија и Холандија, информираа пратениците кои сега функционираат како независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
„На средбата беше искажана нивна силна поддршка за нашите заложби да бидеме дел од понатамошните реформски процеси преку законски решенија, земајќи активно учество во нивно изготвување и подобрување. На средбата беше разгледана актуелната состојба, како и многу идеи за понатамошна соработка. Ние како опозиција гласно ќе се бориме за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО“, соопштија пратениците.