Дебатата во грчкиот парламент за Преспанскиот договор (ВО ЖИВО)

3046

По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, пред малку во грчкиот Парламент започна гласањето за ратификација на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Со прозивање, сите 300 пратеници ќе треба да кажат дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.

Тридневната дебата, со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Фото: EPA-ORESTIS-PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...