По престрелката во Маџари во болница завршило и 13-годишно дете

512

Покрај едното повредено лице во инцидентот со пукањето во скопско Маџари, во болница попладнето било однесено и 13-годишно дете, син на еден од учесниците во инцидентот, кое се наоѓало во едно од возилата. Тоа се пожалило од болки во главата и било пренесено во градската болница во Скопје, соопшти МВР.

Две лица, пак, беа приведени.

Во денешниот извештај од настанот, од полицијата излегоа и со повеќе детали. 48-годишен маж, додека се движел по улицата „Перо Наков“ со возило „голф“, во кое биле и неговиот 50-годишен брат и 28-годишен внук, како и 13 годишно дете син на 50-годишникот, при приклучување на улицата „Благоја Стефковски“, од споредната улица бил удрен од друг „голф“, кој се движел со голема брзина. Во вториот „голф“ се наоѓале 39-годишен маж со уште едно лице.

Веднаш зад нив, застанал автомобил „алфа ромео“ со кој управува 31-годишен маж од селото Сингелиќ. Тој заедно со возачот во вториот „голф“ почнале да пукаат кон првото возило, а потоа ги искршиле стаклата.

50-годишниот маж во првиот „голф“ се здобил со повреди и тој е повредениот што вчера заврши во болница, а 13-годишното дете кое подоцна се пожалило на болки е негов син.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...