Липи повеќе не е селектор на Кина

107

Познатиот италијански тренер Марчело Липи го напушти селекторското место во кинеската фудбалска репрезентација. На заминувањето на Липи му претходеше вчерашниот пораз на Кина од Иран со 3:0 во мечот од четвртфиналето на Азискиот куп.

– Со овој натпревар завршува мојот договор со националниот тим на Кина. Беше голема чест за мене да тренирам тим во ваква важна земја како Кина. Цело време се трудев тимот да напредува и да се подобри. Им благодарам на сите за поддршката што ја добив – изјави Липи.

Претходно, 70-годишниот Италијанец изјави дека нема да тренира клубови во иднина, а исто така истакна дека би можел да ја заврши својата кариера како тренер во 2019 година.

Под раководство на Липи, италијанскиот национален тим стана светски шампион во 2006 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...