Денес нашето подрачје потпадна под влијание на нов студен и влажен бран, кој донесе врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег.
На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. На планините се очекува над 50 см, а во пониските места од 10-20 см.
Снежна покривка од 76 има на Попова Шапка, 60 Маврово, 41 Лазарополе, 30 Крушево, 24 Пожаране, 8 Тетово, 5 Битола, Претор, 2 Скопје-Петровец.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.
Температурата ќе се движи од -2 до 5 степени. Во Скопје меѓу 0 и 1 степен. Во Скопје, ќе биде облачно, со врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат.
Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
Поради појава на магла видливоста е намалена од 50м до 100м во Страцин и на планинскиот премин Буково.
Утре во источните делови ќе има локални врнежи од снег, само во крајните југоисточни делови од дожд. Во недела ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.