Нејмар не е сериозно повреден

126

Добра вест за Пари Сен Жермен на крајот од денот. Излезе дека повредата на нивната ѕвезда, Нејмар, која тој ја доби во натпреварот за Купот на Франција против Стразбур, не е толку сериозна колку што е изгледала првично, пренесе „Глобо Еспорте“.

Според бразилското издание, Нејмар избегнал рецидив на старата повреда, која го извади од игра за три месеци минатата година. „Глобо Еспорте“ тврди дека за десетина дена, ќе се донесе одлука за тоа како ќе се одвива лекувањето на Бразилецот.

Суперѕвездата премина во ПСЖ во текот на летото на 2017 година, откако францускиот клуб плати 222 милиони евра на Барселона за неговите права.

Во оваа сезона, Нејмар учествуваше во 13 натпревари за ПСЖ, во кои постигна 13 гола и даде 6 асистенции. Тој има договор со парижаните до летото 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...