Тајните на Енвер Хоџа излегоа во јавноста

1612

Државниот архив на Албанија го заокржи процесот на декласификацијата на тајните досиеја од времето на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа и неговите соработници.

Како што соопшти Архивот, тие од вчера се отворени за историчарите и за јавноста.

– Од вчера слободен е пристапот до повеќе од 48.000 досиеја и 600.000 документи од периодот 1945-1993 година, од фондовите на Президиумот на Народното собрание, Владата, личните фондови на Енвер Хоџа и неговиот најблизок соработнк Хисни Капо, поранешната архива на Партијата на трудот, фондовите на министерствата, јавното обвинителство, Врховниот суд и другите централни органи, се наведува во денешното соопштение на Државниот архив.

Во соопштението се посочува дека во овој процес во текот на минатата година била ангажрана екипа од осум најдобри архивари во земјата.

Генералната управа на Архивот им гарантира на истражувачите дека им е обезбедена брза и квалитетна услуга во новата студиска сала во институцијата.

Кај домашните, но и странски истражувачи, постои голем интерес за комунистичкиот период во Албанија, кога земјата под водство на Хоџа, целосно беше изолирана од светот, период кој се оценува како „најцрн“ од постоењето на земјата, кога биле  убиени, протерани и крвнички мачени стотици илјади албански граѓани.

Со образложение дека за заштита од евентуален напад на надворешен непријател, во тој период на целата територија на Албанија беа изградени над 700.000 бункери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...