Маглата ја намали видливоста на Стража, Маврово и Шапка, сообраќајот по влажни коловози

52

Поради појава на магла, вечерва видливоста е намалена од 50 до 60 м на патните правци низ Стража, Маврово и Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни служби, соопштија од ЈП Македонијапат.

На патниот правец Струга – Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетувања на коловозот брзината е ограничена на 40 КМ / h. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...