Обезбедувачот кој ја турна новинарката на Канал 5 на Водици доби прекршочна

294

СВР Скопје поднесе прекршочна пријава против Љ.Т. (47), вработен во агенција за обезбедување, кој ја турнал М.М.(39) додека извршувала работни задачи како новинар за време на одржувањето на манифестацијата за фрлање на крстот на православниот празник Водици.

– Секторот за внатрешни работи Скопје по преземени мерки го расчисти случајот кој се случи на 19 јануари 2019 година во 12:00 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје кога М.М.(39) додека извршувала работни задачи како новинар била турната од Љ.Т.(47), вработен во агенција за обезбедување. Против лицето е поднесена прекршочна пријава  по член 10 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – информираат од МВР.

Настанот, какко што додаваат од МВР, е објавен на сајтот на МВР на 20.01.2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...