Возило на Брза помош 20-тина минути беше заглавено на улицата 50-та дивизија, која се наоѓа веднаш под комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и само еден од бројните автомобили кои беа пред него, се трна на страна за да даде предност.
Возилото на Итна помош беше со вклучени ротациони светла, а повремено и со сирената им сигнализираше на останатите возачи да му дадат предност.
За сообраќајната култура да се покаже на уште „повисоко ниво“, ниту возачите со автомобилите кои се вклучуваа во уличката од паркингот кај Министерството за здравство, немаа трпение да ѝ дадат предност на Итната помош. Напротив, се „туркаа“ за да се приклучат во колоната.