Дванаесетгодишно девојче загина, а друго девојче се бори за живот, откако ги затрупал снег додека си играле, пренесува „Курир.рс“.
Ештер Јунг заедно со 9-годишно девојче правеле куќа од снег пред црква во Арлингтон Хејтс, кога одеднаш куќата се срушила и снегот ги затрупал.
Родителите, кои биле во црквата, забележале дека ги нема, па почнале да ги бараат. Под снегот забележале парче облека на едно од девојчињата и веднаш повикале полиција и Брза помош.
За жал, медицинските лица не успеале да ја спасат Ештер.