Советот на Европа потврди дека е побарано мислење за Законот за употребата на јазиците

204

Од Советот на Европа се потврдува дека Владата на Република Македонија побарала мислење од Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците, но притоа не се даваат коментари, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Секретаријатот на Венецијанската комисија, што се наоѓа во Стразбур, потврди дека е добиен Законот за употребата на јазиците, но не сакаат да коментираат пред да тој биде разгледан од неговите експерти, односно пред изработката на мислењето.

Од Советот на Европа, исто така, не сакаа да коментираат ниту за тоа дека „Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека не е дозволен владин притисок од каков било вид врз национален претставник на телото,“ како што тврди професорката Татјана Каракамишева, која е сегашен член на Комисијата во името на нашата земја.

Националните експерти во Венецијанската комисија, се поткрепувани од правници на Советот на Европа и секретаријатот на Венецијанската комисија при анализирање на законските или уставни текстови, кои им се дават на разгледување, по што таа дава мислење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...