Тројца повредени при превртување на автобус кај Лазаревац (ФОТО)

267

Три лица се повредени откако автобус се превртел кај Лазаревац, пренесува „Курир.рс“.

Неофицијално, до несреќата дошло утрово околу 7.30 часот.

Наводно, возачот изгубил контрола над возилото, а според очевидци, патот бил покриен со снег. Автобусот слетал од коловозот и се превртел бочно.

Возачите се советуваат во овој дел да возат внимателно, бидејќи патот е лизгав.

ФОТО: Курир.рс / Д.И.

ФОТО: Курир.рс / Д.И.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...