Грчкиот Парламент под полициска опсада за да не влезат демонстрантите

342
Photo: EPA/Yannis Kolesidis

Закажаните демонстрации за попладневните часови,  во комбинација со сериозните инциденти на протестот во неделата, носат засилени безбедносни мерки во грчката престолнина, особено во делот околу плоштадот Синтагма и грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Безбедносните мерки се и поради тоа што за разлика од неделата кога парламентот беше празен, сега во него, во тек е расправата.

Според грчките медиуми, кордони од полициски автобуси ќе бидат поставени на неколку места околу парламентот, со акцент врз делот каде се наоѓа влезот, а кај споменикот на Незнајниот јунак, онаму каде што во неделата демонстрантите се обидоа да упаднат во дворот на парламентот, ќе биде зголемено присуството на специјални полициски единици.

Метро станицата на плоштадот Синтагма, ќе биде затворена од 16.30 часот по локално време.

Photo: EPA/Yannis Kolesidis

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...