Во Грција запленети 23 килограми кокаин

517

Во соработка со припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, грчката полиција и американската агенција ДЕА, на територијата на Грција спроведоа акција во која се уапсени повеќе лица, соопшти српското МВР.

Меѓу уапсените повеќето се српски државјани, а во акцијата се запленети 23 килограми кокаин, со висок квалитет, јави Танјуг.

Вредноста на запленетите наркотици изнесува околу милион евра, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...