Уапсен напаѓачот на Фулам, Абубакар Камара, удрил вработен во клубот

105

Напаѓачот на Фулам, Абубакар Камара, е уапсен поради обвинение за нанесување на телесна повреда на вработен во клубот.

Локалната полиција соопшти дека во понеделникот наутро бил уапсен 20-годишен маж за тепачка на тренинг базата на лондонскиот тим.

Камара пристигна на „Крејвен Котиџ“ од Амиен во текот на летото на 2017-та и беше дел од тимот, кој помогна на „котиџерс“ да се врати во Премиер лигата минатата сезона.

Тој се прослави со скандалозното однесување при успехот над Хадерсфилд (1:0) порано во сезоната, кога ја зеде топката од рацете на стандардниот изведувач на пенали во тимот – Александар Митровиќ, и посака самиот тој да го изведе. Најнепријатното за играчот беше дека промаши, што му навлече огромен број критики како од навивачите, така и од самиот тренер, Клаудио Раниери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...