Забрана за сообраќај за камиони на патот Струга-Ќафасан и на Стража

72

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Струга – Ќафасан во 16:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопштија од ЈП „Македонија Пат“.

Од истите причини  во 17:00 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...