Ѓорчев потврди дека ќе се кандидира за претседател на државата

42

Влатко Ѓорчев денеска на прес-конференција објави дека ќе се кандидира за претседател на државата.

– Објавувам и кажувам дека ќе се кандидирам за претседател. Имам искуство, мотивација, знаење, чесност и лојалност, рече Ѓорчев на прес-конференција во Собранието на Република Македонија.

Додаде дека сега бил мотивиран повеќе од кога било и истакна дека не се плаши од противкандидатот на СДСМ.

– Директно им велам на сите кандидати од СДСМ на 21. април Ве чекам јас, но и најмалку 500 илјади граѓани на Република Македонија да ја вратиме надежда на Македонија, рече Ѓорчев, додавајќи дека е подготвен да се вложи со целото мое битие и знаење.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...