Министерството за здравство соопшти дека е во подготвителна процедура постапката за набавка на заштитните маски кои ќе бидат бесплатно поделени на лицата во здравствен ризик.
Штом ќе биде завршена набавката, се посочува, маските ќе бидат поделени на пациентите.
Набавката опфаќа 40.000 специјални маски кои штитат од ПМ 2,5 и ПМ 10 честичките. Имајќи предвид дека законските процедури за набавка на маските се долги, оваа процедура се одвива со мало доцнење, нагласуваат од Министерство и додаваат дека и за идната година се планирани вакви набавки, во зависност од потребите.