Синот на Џејмс Гандолфини ќе биде новиот Тони Сопрано

293
ФОТО: МИА

Авторот на светски познатата ТВ серија „Сопранови“, Дејвид Чејс го откри глумецот што ќе го толкува ликот на младиот Тони Сопрано во најавеното претпродолжение на сагата. Тоа е Мајкл Гандолфини – синот на Џејмс Гандолфини, кој го глумеше истиот лик во оригиналната серија.

Серијата и Џејмс Гандолфини како антихерој собраа над 100 „златни глобуси“, „емија“ и други награди во периодот 1999 – 2007, додека се прикажуваа шесте сезони. Гандолфини почина во 2013 година.

Во новите епизоди, другите улоги ќе ги глумат Алесандро Нивола, Вера Фармига, Џон Бернтал, Били Магнусен и Кори Стол.

Проектот насловен како „Многуте светци на Њуарк“ е сѐ уште во претпродукција.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...