Премиерот Зоран Заев, вчера во интервју за ТВ АлсатМ, рече дека тој веројатно ќе биде првиот кој ќе добие двојазичен пасош, согласно Законот за употреба на јазиците и кој ќе се води на новото име на државата, Република Северна Македонија.
– Можеби јас ќе бидат првиот кој ќе има пасош со Република Северна Македонија. Јас треба да го отворам ова, иако знам дека луѓето имаат предрасуди, но не треба да е така, бидејќи од тоа има многу придобивки – рече Заев.
Портпаролот на Владата Миле Бошњакоски денеска објасни дека премиерот Заев мислел дека сите граѓани кои ќе сакаат ќе може да имаат лична карта или пасош и на албански јазик, а не дека документите за сите ќе бидат двојазични.