Тригодишно дете завршило со тешки телесни повреди откако било удрено од автомобил „мерцедес“ во скопското село Батинци управуван од 20-годишен скопјанец.
Детето е пренесено во градската болница каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Во друга сообраќајка во Кисела Вода, пак, повредена е 79-годишна жена. Во неа на крстосница удрил автомобил „сузуки“ со битолски регистрации управуван од 49-годишен скопјанец.
По незгодата жената е пренесена во градската болница каде поради тешките телесни повреди е задржана на лекување.