Влатко Ѓорчев е прв кандидат за шеф на државата од ВМРО-ДПМНЕ

1337

Пратеникот Владимир Ѓорчев денеска од Собрание ќе обелодени дека ќе се пријави на огласот на својата партија ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на државата, потврди Ѓорчев за Плусинфо.

Пратеникот ќе одржи прес-конференција во Собрание на која со јавноста ќе ги сподели своите намери да стане претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори.

Ѓорчев е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и од 2006 година до денеска во пет пратенички мандати важи за една од ударните партиски тупаници.

Тој е оженет со сопругата Сузана, со која живеат во Скопје и имаат 4 деца, Марта, Филип, Никола и Катерина.

Ѓорчев годинава ќе наполни 41 година, односно го исполнува условот да се кандидира за шеф на државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...