Ливерпул одреди рекордна сума за трансферот на Салах

665

Премиерлигашот Ливерпул ја одреди 225 милиони евра за обештетување кое треба да го плати клубот кој ќе сака да го откупи Мохамед Салах.

25-годишниот Египќанец со своите игри оваа сезона го привлече вниманието на многу екипи кои покажаа интерес за негов ангажман.

Доколку се најде заинтересиран купувач кој би ја платил откупната клаузула за Салах, би се срушил рекордот кој во моментов изнесува 222 милиони евра платени за Нејмар од ПСЖ на Барселона.

Токму Барселона е една од заинтересираните за трансфер а Салах. Во трка за добивање на неговите услуги се ПСЖ и Реал Мадрид.

Фото: EPA/PETER POWELL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...